Утрински Весник
Политички Партии

Левица: Поднесени четири пријави против сопственици на фирми

Левица: Социјалниот шок предизвикан од лошите економски политики е плоден терен за пораст на коцкањето

Скопје, 12 мај 2020

Вчера, правниот сектор на Левица, професионално помогнат од адвокатски тим по трудово право, поднесе четири КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ против работодавачи – првенствено газди на текстилни фабрики – поради сторени серија кривични дела против работните односи (непријавување работници, одјавување работници без нивно знаење, враќање пари на рака од К-15, неисплата на отпремнини, потпишување бланко откази и сл.)!

Поточно, станува збор за следниве пријавени кривични дела сторени од сопствениците, директорите или шефовите на вработените: „Повреда на права од работен однос“ (казниво по чл. 166 од Кривичниот законик), „Повреда на право од социјално осигурување (чл. 167 од КЗ), „Повреда на правата за време на привремена невработеност“ (чл. 169 од КЗ) и „Фалсификување исправа“ (чл. 378 од КЗ).

Центар за комуникации со јавност на Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт