Утрински Весник
Политички Партии

Левица: Дали со пожарот во ЈП „Улици и патишта“ се кријат докази за криминал?

Левица: Дали со пожарот во ЈП „Улици и патишта“ се кријат докази за криминал?

Не стивнуваат реакциите за пожарот кој се случи во ЈП „Улици и патишта“. Со соопштение во врска со случајот се огласија и од Левица.

Тие велат дека не можат а да не се посомневаат во намера, затоа што пожарот во ЈП „Улици и патишта“ се случува само неколку недели откако Советот на Град Скопје не ги усвои извешаите за финансиското работење на Јавните претпријатија на Градот Скопје, меѓу кои и на ЈП „Улици и патишта“, и откако советниците на ЛЕВИЦА во Советот на Град Скопје поднесоа барање за ревизија во неколку од јавните претпријатија под ингеренции на градот.

Дали се работи за криење на докази за криминални дејствија или се работи за расчистување на теренот за никнување на нова зграда на оваа атрактивна локација, или пак се работи за несреќен случај, одговри ќе треба да дадат МВР и Јавното обвинитество.

Апелираме надлежните институции стручно, совесно и брзо да ја спроведат истрагата и да превземат соодветни мерки за расчистување на случајот и за утврдување на вината за настанатиот пожар, стои во соопштението од Левица.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт