Утрински Весник
Политички Партии

Левицата: Обезбедена е поддршка за интерпелација на спикерот Талат Џафери

Левицата: Обезбедена е поддршка за интерпелација на спикерот Талат Џафери

Првичната иницијатива на двајцата пратеници на Левица за поднесување Интерпелација за работата на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери наиде на голема поддршка кај македонската опозиција и истата денес е поднесена преку архивата на македонското Собрание, соопштија од Левица.

„И покрај тоа што, во катастрофалното менаџирање на внатрешната работа на Собранието на РМ, можат да се набројат над 30-на прекршувања на Уставот, законите и Деловникот – сепак, заради ограничениот простор, поднесената Интерпелација се однесува на три главни причини: повреда на Амандманот V од Уставот на РМ, преку неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Џафери пред Комитетот на министри на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Републиката; свесно и злонамерно истиснување на македонскиот јазик од интерната употреба во парламентот, преку противуставно, противзаконско и противделовничко доставување само на двојазични материјали за сите пратеници (на македонски и на албански јазик), а не само за оние пратеници кои говорат друг јазик во службена употреба, различен од македонскиот; и повреда на Протоколот и Дополнението на протоколот за организирање седници во услови на коронакриза, кога спикерот – правејќи кривично дело – дозволи двајца позитивни пратеници на Ковид-19 да гласаат во скафандери во Собранието на РМ, свесно загрозувајќи го здравјето на сите останати пратеници“, е посочено во писменото соопштение од Левица.

Од оваа партија дополнуваат дека на 2 јули, правниот тим на Левица поднел и итна Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, кое е надлежно да врши контрола над правилната употреба на македонскиот јазик од страна на јавните и приватните субјекти.

Истовремено ги повикуваат сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да ја поддржат интерпелацијата со цел како што напоменуваат преку заедничко дејствување да се стави крај на самоволието на собранискиот спикер, кој во последно време, како што велат од Левицата, покажува недозволиви автократски тенденции.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт