Уште еден скандалозен предизборен договор – Стефан Богоев како градоначалник на Општина Карпош на 30 август склучил договор за печатарски услуги во вкупна висина од 600.000 денари, реагираат денеска од Левицата.
Овој договор, како што велат од партијата на Апасиев е склучен на месец и половина пред одржување на Локалните избори на кои СДСМ, според проценкиоте на Левицата, повеќе од сигурно дека ќе ја добие казната од жителите на Општина Карпош, меѓудругото и за недомаќинското трошење финансиски средства на Општината.
„Овој договор е уште еден во низата кој фрла сомнеж на вистинската потреба од вакви услуги. Претходно, Левица Карпош реагираше и за двата идентични договори
„Изнајмување на техничка опрема и техничка поддршка за озвучување на настани, изнајмување на бина, осветлување и подвижна алуминиумска рампа“. Во најмала рака, СДСМ и Стефан Богоев мораат да ја образложат потребата од вакви услуги и да одговорат дали со истите овие договори, со општински пари се плаќа кампањата на
СДСМ во Општина Карпош. По падот на најголемите непријатели на Општина Карпош со сигурност ќе следи ревизија на сите јавни набавки“, се наведува во соопштението од Левицата.