Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Левандовски со повреда на коленото, ќе биде аут околу 4 недели

Левандовски со повреда на коленото, ќе биде аут околу 4 недели
300x250 opst2

Минхен, 26 февруари 2020 (МИА) – Голманот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е повреден во левата нога и ќе ги пропушти натпреварите на Баварците во наредните 4 недели, соопшти клубот.

„Роберт Левандовски го повреди левото колено во вчерашната победа од 3:0 над Челзи. Ова го покажа денешното истражување на клупскиот доктор д-р Ханс-Вилхелм Милер-Волфарт. После 10-дневна имобилизација на ногата со гипс, ќе започне процесот на закрепнување. Напаѓачот ќе биде надвор од игра за околу четири недели“, рече официјалниот претставник.

Така, Левандовски сигурно ќе пропушти средбите со Хофенхајм, Аугсбург, Унион (Берлин) и Ајнтрахт (Франкфурт) од Бундеслигата, судирот со Шалке 04 од германскиот Куп и реваншот со Челзи во Лигата на шампионите.

Најверојатно, тој ќе биде подготвен за натпреварите по паузата за национални тимови кон крајот на март.

Тоа е тежок удар за Баерн бидејќи полскиот репрезентативец е водечки играч оваа сезона и во Бундеслигата (25 гола) и во Лигата на шампионите (11 погодоци).

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025