Утрински Весник
Спорт

Левандовски се врати во Минхен за да се збогува со соиграчите од Баерн

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, се врати во својот поранешен клуб Баерн Минхен. Полјакот замина во Германија веднаш по враќањето на Барселона од турнејата во САД. Фудбалерите на каталонскиот гигант добија дозвола да одморат до 3 август и Левандовски ќе ја искористи можноста да се збогува со своите поранешни соиграчи.

dobivaj vesti na viber

Покрај тоа, тој ќе има средба со тренерот Јулијан Нагелсман и со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Левандовски најверојатно ќе се обиде да ги подобри односите со Баерн Минхен откако се појавија тензии меѓу двете страни околу неговиот трансфер на „Камп Ноу“.

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен