Утрински Весник
Спорт

Леброн: Зошто ги мразам навивачите на Бостон? Затоа што тие се е…и расисти

Леброн Џејмс ги нарече навивачите на Бостон расисти на прашањето во која НБА арена е најтешко да се игра поради притисокот од трибините. И тоа не би било толку необично, бидејќи навивачите на Селтикс се познати како едни од најбруталните, барем за навивачките стандарди во САД, доколку Џејмс, преку сопственичкиот удел во „Fenway Sports Group“, не е и ко-сопственик на Бостон Ред Сокс бејзбол франшизата од овој град.

dobivaj vesti na viber

Во новата епизода од своето ток-шоу „The Shop“, Леброн го издвои Бостон како место каде навивачите доаѓаат со намера да не дозволат противниците да победат. На прашањето зошто го мрази Бостон, тој не се двоумел: „Затоа што се е…и расисти, затоа“.

Тој објасни дека навредите од трибините не му пречат, но ги слуша и додаде дека не е невообичаено тамошните навивачи да го гаѓаат с ситни премети.

„Ги слушам нивните навреди, а ако слушнам некого во близина, набрзина ќе го погледам и потоа продолжувам со играта. И онака ќе кажат што сакаат. Можат и да фрлат нешто по тебе, еднаш ми фрлија пиво додека заминував теренот“, изјави четирикратниот НБА шампион.

Имаат и маици на кои пишува „е.и го ЛБЈ“, верувам дека се распродадени во клупската продавница“, додаде Леброн.

Можете да прочитате

Сенегал е прв полуфиналист на АФКОН 2026

Перез: Да се ​​биде клупски колега на Верстапен е најнеблагодарната работа, во Ред Бул знаеја дека ги уништуваат своите возачи

Ибрахимовиќ: Најдобар фудбалер на сите времиња е Роналдо!