Леброн Џејмс го одбележа мечот Хјустон – ЛА Лејкерс, имаше учинок од 26 поени, 8 скока и 5 асистенции.
Во даден момент дојде до молневит облог со клупата на „езерџиите“, пред се со Денис Шредер кој го предизвика Џејмс во стилот на Стеф Кари да погоди тројка без да го гледа исходот од шутот.
Леброн реагираше рефлексно, шутна и завртен кон соиграчите чекаше реакција, се додека не му потврдија дека го добил облогот.
„Го прифатив облогот за момент, додека шутирав. Облогот не се важи се додека не го погледнете в очи човекот, јас тоа го направив“ рече Џејмс.
Еве како изгледаше целата ситуација:
> Леброн доби облог – погоди тројка против Хјустон без гледање <