Утрински Весник
Македонија

ЛДП ја напушта владејачката коалиција

ВМРО-ДПМНЕ: Власта од земјоделците направи социјални случаи со намера да ги манипулира за избори

Пратениците на Либерално-демократската партија ќе делуваат самостојно во Собранието. Од партијата наведуваа дека одлуката за самостојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски е донесена на седница на Централниот одбор на партијата уште од август минатата година, но сѐ уште не е реализирана од објективни причини.

„Како партија донесовме одлука уште пред седум месеци за самостојно делување во македонскиот Парламент заради подобро претставување на либералните вредности и поголем простор на делување од страна на нашите пратеници. Тоа за нас претставува демократски потег и не е поврзано со дневно политички теми. Оставивме доволно простор за имплементација на оваа одлука. ЛДП како и нејзините пратеници и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат Владата, а тоа ќе се потврди и со гласањето на доверба на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ“, велат од Либерално-демократската партија.

Од партијата додаваат дека во следниот период одлуката ќе се реализира и ќе делуваат како и останатите либерали во парламентите низ Европа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Приведен сопственикот на кравите од Паланка, ќерките се обидоа да го спасат

Тоневски со порака за подршка на манифестацијата посветена на лицата со попреченост

Претежно облачно со локални врнежи, снег на повисоките места