Утрински Весник
Политички Партии

ЛДП ги поддржува барањата на здруженијата на граѓани за јавна расправа за законот за управување со отпад

ЛДП ги поддржува барањата на здруженијата на граѓани за јавна расправа за законот за управување со отпад

Предлог – законите за управување со отпад и за управување со пакување и отпад од пакување, обележани со европско знаменце, како дел од европските директиви, биле симнати од дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања, соопшти ЛДП.

„До пратениците на ЛДП како претставници на граѓаните од над 30 здруженија стигна барање, да се одложи второто читање на Законот за управување со отпад и Закон за управување со пакување и отпад од пакување и претходно да се организира јавна расправа по истите. Апсолутно не станува збор за никакво надгласување. ЛДП како дел од владејачкото мнозинство се залагала и организирала јавни расправи со цел да се слушнат мислењата на сите релевантни чинители. Кога е животната средина во прашање сите заедно сме одговорни и нема политика“, се наведува во соопштението.

Како народни претставници, велат од ЛДП, мораме да носиме законски одредби кои ќе поминат низ една широка расправа во која ќе бидат опфатени сите засегнати страни.

„За нас е многу важна заштитата на животната средина и затоа сметаме дека е здраво за демократијата во Собранието да се слушне гласот на екологистите“, велат од ЛДП.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт