Утрински Весник
Свет

„Ла Република“: Заразата разгорена поради предизборен митинг на Салвини

„Ла Република“: Заразата разгорена поради предизборен митинг на Салвини
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Откако лидерот на партијата „Лига“, Матео Салвини на 25. септември одржал предизборен митинг во мал град во близина на Рим, има бум на новозаразени, пишува весникот „Ла Република“.

Само во последните 24 часа бројот на заразени се искачил на 73 во едно мало гратче со околу 43.000 жители, а локален весник како „воен билтен“ ја опишува ситуацијата со зголемениот број на инфекции.

Меѓу заразените е и еден од организаторите на предизборниот митинг, кандидатот за градоначалник на „Лига“, Валентино Џулијани, со кого лидерот на партијата Салвини вечерал во ресторан по завршувањето на предизборниот митинг.

Локалните здравствени институции организираат масовно тестирање за Ковид-19, пред градот да се претвори во „црвена зона“, пишува „Ла Република“.

Актуелниот градоначалник ги повика граѓаните да бидат крајно внимателни и строго да ги почитуваат мерките за заштита и апелираше да избегнуваат собири односно да ги напуштаат своите домови само кога тоа е неопходно.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руски хакери се пофалија дека ја нападнале француската пошта

Тројца загинати по експлозија во Москва

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет