Утрински Весник
Спорт

Ла Лига ќе го тужи навивачот кој истрча за време на натпреварот Мајорка – Барселона

Ла Лига ќе го тужи навивачот кој истрча за време на натпреварот Мајорка – Барселона
Dik 300x250 mk

Мадрид, 14 јуни 2020 (МИА) – Раководството на лигата ќе поднесе барање до судот да започне кривична постапка против навивач кој истрча на теренот на вчерашниот натпревар меѓу Мајорка и Барселона, пренесува „Ројтерс“.

Во второто полувреме на средбата, што се одржа без гледачи, навивач во маица на репрезентацијата на Аргентина со името на напаѓачот Лионел Меси истрча на теренот, по што беше приведен од безбедносните службеници.

Во соопштението на раководството на лигата се вели дека човекот го ставил во опасност здравјето на други луѓе. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“