Утрински Весник
Спорт

Ла Лига се враќа на 7-ми или 14-ти јуни

Ла Лига ја претстави топката за новата сезона

Мадрид, 29 април 2020 (МИА) – Шпанското фудбалско првенство ќе биде обновено на 7 или 14 јуни со натпревари без публика, тврди „Кадена КОПЕ“, повикувајќи се на свои извори.

Вчера шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека индивидуалните спортски активности се дозволени од 4 мај. Ова значи дека од понеделник, фудбалските тимови ќе можат да ги соберат своите играчи со уверување дека им е обезбедено безбедно растојание.

Според информациите на шпанските медиуми, тренинг ќе биде дозволен за помали групи од 11 мај. Од 26 мај ќе бидат дозволени групни тренинзи за целиот состав, а две или три недели подоцна првенството ќе биде продолжено.
Ла Лига беше запрена по 27-то коло.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство