Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа Хјустон Рокетс со 112:102 во третиот меч од полу-финалната серија на Западот. Лејкерси во серијата водат со 2:1.
Лејкерси и овој меч, како и вториот во серијата, го решија во последната четвртина. Овој период од играта „езерџиите“ го добија со 30:20.
До победата Лејкерси ги предводеа највозрасните играчи во тимот Леброн Џејмс и Режон Рондо. Џејмс забележа 36 поени, седум скока и пет асистенции, додека Рондо постигна 21 поен и подели девет асистенции. Рондо 12 поени постигна во последната четвртина.
На спротивнта страна блескаа Џејмс Харден и Расел Вестбрук. „Брадата“ беше блиску до трипл-дабл (33 поени, по девет скока и асистенции), Рас имаше 30 поени, осум скока и шест асистенции.
За разлика од Џејмс и Рондо, Харден и Вестбрук не добија поддршка од барем уште еден соиграч. Ентони Дејвис одигра уште еден одличен меч во оваа серија (26 поени, 15 скока).
Наредниот меч се игра во петок наутро.
> ЛА Лејкерс го добија третиот меч, водат 2:1 против Хјустон <