Утрински Весник
Свет

Лајчак: Залагањето за Западен Балкан е поважно од кога било

Лајчак: Залагањето за Западен Балкан е поважно од кога било

Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по посетата на Лондон порача дека залагањето за заедничките цели и вредности на Западен Балкан и на други места, се сега поважни од кога било.

На својот Твитер профил Лајчак наведе дека имал многу информативен и детален разговор со министерот за Европа Џејмс Клевери, британскиот пратеник Сер Стјуарт Пич и експерти од странство.

„Залагањето за нашите заеднички цели и вредности во Западен Балкан и на други места е поважно од кога било“, напиша Лајчак.

Можете да прочитате

Шеф на американскиот антитерористички центар поднесе оставка: Не ја поддржува војната со Иран

Убиен Али Лариџани, еден од најмоќните луѓе во Иран

Новата апликација на ЕУ треба да го намали застојот на аеродромите