Тренерот на бундеслигашот Ред Бул Лајпциг, Јулијан Нагелсман останува во клубот. Тој го потврди тоа по медиумските нагаѓања.
„Можам да ве уверам дека Јулијан ќе биде наш тренер и следната сезона. Се чувствува одлично и создаде одлична екипа. Нема потреба од загриженост, потполно сме опуштени“ изјави извршниот директор на клубот, Оливер Минтзлаф за германски „Скај Спорт“.
Договорот на Нагелсман со клубот е до 2023 година, а на клупата на екипата од Лајпциг е од летото 2019 година.
Минатата сезона со „биковите“ стигна до полуфинале во Лигата на шампиони, а сезонава вторпат во историјата на клубот ја помина групната фаза во истото натпреварување.
Уште додека беше тренер на Хофенхајм за неговите услуги беше заинтересиран Баерн Минхен, а сезонава и Борусија Дортмунд сакаше младиот стратег да го донесе на чело на „милионерите“ на местото на Лусиан Фавр.
Лајпциг ја одби понудата на „милионерите“. Сепак, Нагелсман е интересен за многу големи европски клубови, пред се за Манчестер Јунајтед, Арсенал, ПСЖ. Се споменуваше дури и дека тој би можел да е наследникот на Јоаким Лев, на селекторската позиција.
> Лајпциг одби понуда на „милионерите“, Нагелсман останува „бик“ <