Утрински Весник
Спорт

Лајпциг го отпуштија Марч по лошиот старт на сезоната

Лајпциг го отпуштија Марч по лошиот старт на сезоната

РБ Лајпциг го отпуштија тренерот, Американецот Џеси Марч по поразот од Унион Берлин и лошиот старт на сезоната 2020/21.

Марч беше избран како наследник на Јулијан Нагелсман на „Ред бул арената“ по заминувањето на тренерот во Баерн Минхен, откако претходно успешно работеше во сестринскиот клуб Ред Бул Салцбург во Австрија.

Но, по само три месеци на чело на клубот, 48-годишниот Марч останува без работа по 2:1 поразот од Унион Берлин во петокот. Неговиот асистент Ахим Бајерлорцер ќе биде негова замена додека не се постави постојан тренер.

„РБ Лајпциг и тренерот Џеси Марч решија да се разделат со взаемна согласност. Одлуката е резултат на длабинската анализа по мечот со Унион Берлин“, се вели во објавата на бундеслигашот.

> Лајпциг го отпуштија Марч по лошиот старт на сезоната <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина