Утрински Весник
Македонија

„Лајка“: КПУ Затвор – Шутка го вдоми напуштениот германски овчар кој нападна деца

„Лајка“: КПУ Затвор – Шутка го вдоми напуштениот германски овчар кој нападна деца

Германскиот овчар кој нападна деца во скопската општина Аеродром откако го помина хуманиот третман во „Лајка“, денес беше вдомен од страна на директорот Филип Андов на КПУ Затвор Шутка – Скопје, за службените потреби на оваа институција.

„ Кучето Кара го помина комплетно целиот хуман третман во нашето прифатилиште откако претходно согласно записникот од извршен инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство и изввршена контрола во ЈП Лајка за заловеното куче по пријава за напад на деца, на ден 03.01.2021 (без микрочип на јавна површина), беше одреден карантин и изолација за набљудување во период од 08, 15 и 22.01.2021 година. За истото беше извршен клинички преглед од страна на ДВМ вработен во ЈП Лајка и беше издаден сертификат за беснило со кој НЕ СЕ УТВРДЕНИ ЗНАЦИ НА БЕСНИЛО НИТУ ДРУГИ ПРОМЕНИ“ соопшти „Лајка“.

По објавата за нејзиното вдомување, претстваници од КПУ Затвор Шутка – Скопје поднесоа апликација за вдомување и закажаа термин за нејзина посета во прифатилиштето на ЈП „Лајка“.

Земајќи ги во предвид природата и карактерот на расата германски овчар, која има одличен инстинкт, заштитнички карактер и светски рамки се обучува и тренира како службено куче за потреби на полицијата за обезбедување на објектите, истото е незаменливо помошно средство во бројни истраги, Кара од денес е официјално вдомена во рамките на оваа институција и ќе работи во служба на државата и граѓаните.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Исчезна 39-годишен струмичанец, семејството бара помош од граѓаните

Најдовски: Разрешувањето на директорката во Демир Хисар е законско

Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта