Утрински Весник
Спорт

Лацио ќе му предложи нов договор на Инзаги

Во Италија тврдат: Симоне Инзаги ќе биде новиот тренер на Јувентус

Рим, 11 јуни 2020 (МИА) – Лацио ќе го продолжи договорот на нивниот тренер Симоне Инзаги, пренесува „Ил Месаџеро“.

Според публикацијата, претседателот на римскиот клуб Клаудио Лотито има намера да му понуди на 44-годишниот Инзаги договор до јуни 2023 година.

Тековниот договор на стручњакот е до летото следната година.

Според новиот договор, Инзаги ќе заработува 2,5 милиони евра годишно. Доколку Лацио ја освои титулата во Италија под негово водство, платата на тренерот ќе се зголеми на 3 милиони евра годишно.

Инзаги е на чело на „орлите“ уште од летото 2016 година. По 26 одиграни кола оваа сезона во Серија А, екипата е на второто место на пласман зад лидерот Јувентус.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство