Утрински Весник
Спорт

Лацио на крај ја расипа забавата при збогувањето на Киелини и Дибала

Лацио во последните мигови извлече 2:2 на гостувањето во Торино на дуелот против Јувентус, на кој домашните фанови се збогуваа со своите досегашни миленици, Џорџо Киелини и Пауло Дибала. Тие заминуваат и добија огромен аплауз на отворена сцена.

Душан Влаховиќ во десеттата минута донесе водство за Јувентус, а го удвои Алваро Мората во 36.минута. На почетокот на вториот дел Алекса Сандро ја затресе сопствената мрежа, а „старата дама“ во финишот го загуби триумфот. Сергеј Милинковиќ – Савиќ во шестата минута од судиското продолжение постигна гол за израмнување.

> Лацио на крај ја расипа забавата при збогувањето на Киелини и Дибала <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал