Утрински Весник
Спорт

Лацио е „кралот“ на Рим!

Лацио е „кралот“ на Рим!

Лацио со 3:0 ја уништи Рома во големото римско дерби со кое со отвори 18-тото коло во Серија А за да се доближи на само три поени од својот вечен ривал на табелата во Италија.

Во фуриозни први дваесетина минути, Лацио успеа да стигне до 2:0 водство со головите на Чиро Имобиле во 14. минута и на Луис Алберто во 23. минута за предност која потоа не ја испуштија до крајот. Алберто во 67. минута само го комплетираше супериорниот меч на тимот на Симоне Инзаги за лесна победа.

Рома пропушти шанса да се доближи до лидерите во Италија и останува трета со 34 поени, три помалку од второпласираниот Интер и веќе шест зад Милан. Лацио е на седмото место со 31 поен.

> Лацио е „кралот“ на Рим! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација