Рим, 9 април 2020 (МИА) – Во Лацио не се задоволни од однесувањето на Јувентус во ситуација со пандемијата од коронавирусот и ги обвинуваат шампионите за недостаток на ферплеј. „Бјанконерите“ им дозволија на многу нивни странски играчи да ја напуштат Италија за време на траењето на кризата. Сепак, со оглед на тоа што има намалување на бројот на луѓе што се заразени и починати во последните неколку дена во земјата, логично се дискутира за опцијата за издавање дозвола за обновување на тренинзите и евентуално враќање во фудбалот.
Меѓутоа, кога сите овие странци на Јуве ќе се вратат во Италија, ќе треба да поминат задолжителен 14-дневна карантин. И бидејќи тифозите на Јуве го повикуваат локалниот штаб да им дозволат на клубовите да почнат со активности во исто време, тоа значи дека сите други клубови мора да чекаат да истече карантинот на странските играчи на шампионите. Во исто време, Лацио ги почитуваше сите мерки за изолација и не ги ослободи своите странци.
– На овој начин, клубовите кои беа строги во тешкото време ја губат својата предност да бидат во можност да започнат со тренинзи порано. Се надевам, владата нема да подлегне на притисокот на навивачите на Јувентус кои вршат притисок за рамноправен старт. Меѓутоа, ако го сторат тоа, тоа ќе биде незаслужена казна против оние кои ги следеа сите препораки, напиша Артуро Диаконале, директор на одделот за односи со јавноста на римскиот клуб.
На 12 кола пред крајот на шампионатот Лацио е еден бод зад лидерот Јуве.