Утрински Весник
Спорт

Лахоз ќе го суди мечот на сезоната во Ла Лига

Лахоз ќе го суди мечот на сезоната во Ла Лига

Матеу Лахоз ќе го суди мечот на сезоната во Ла Лига. Во сабота, Барселона ќе го пречека лидерот Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ ја предводат Ла Лига со 76 поени, два помалку имаат Реал и Барселона.

Лахоз не е омилен судија во Барселона. Тој во 2014 година го судеше дуелот на двата тима, во последното коло, кога Атлетико со ремито 1:1 ја освоија титулата. Тогаш од Барселона тврдеа дека при резултат 1:0, Лахоз, му поништил чист гол на Меси.

Лахоз требаше да го суди и „Ел Класико“, пред еден месец, но тогаш се откажа поради повреда.

> Лахоз ќе го суди мечот на сезоната во Ла Лига <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара