Утрински Весник
Спорт

Лаутаро побара од Интер да ги отфрли предлозите на Сити и ПСЖ, сака да оди во Барселона

Барса ги нуди Семедо, Видал и 70 милиони евра за Лаутаро Мартинез

Милано, 14 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот Лаутаро Мартинез сака да замине во Барселона. Како што е објавено на насловната страница на „Мундо Депортиво“, Лаутаро побара од Интер да ги отфрли предлозите за трансфер добиени од Манчестер сити и ПСЖ.

Аргентинецот им порача на претставниците на клубот дека Интер да не ги разгледува понудите од другите тимови.

Барселона веќе подолго време работи на трансферот на Лаутаро и сега се обидува да преговара со Интер за условите за трансфер на играчот.

Претходно излегоа информации дека Барса е подготвена да му дава плата на Лаутаро 10 милиони евра годишно.

Оваа сезона Мартинез настапи на 22 натпревари во Серија А за Интер, постигнувајќи 11 голови и четири асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство