Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени
300x250 opst2

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со што најтешко погодениот регион во светот се приближува до 5 милиони заразени луѓе.

Регионот, кој достигна 200.000 смртни случаи во саботата, се бори да го запре ширењето на новиот коронавирус, а инфекцијата рапидно се шири во многу земји, додека владите се обидуваат да го олеснат карантинот и да го оживеат економскиот раст.

Латинска Америка, која има околу 8 проценти од светското население, има речиси 30 проценти заразени и мртви ширум светот, а инфекцијата сè уште брзо се шири и ги погодува регионалните лидери како бразилскиот Жаир Болсонаро и боливискиот Жанин Анез.

Колумбија премина 300.000 случаи и 10.000 смртни случаи минатата недела. Аргентина, која успеа да го забави ширењето на вирусот рано, неодамна забележа зголемување на бројот на заразени.

Пет јужноамерикански земји сега се меѓу 10-те земји во светот со најмногу инфекции, пренесува Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв