Утрински Весник
Македонија

„Ласкарци” се враќа во судница

Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината, тврди возач од компанијата

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – По неколку недели пауза за денеска во Кривичниот суд Скопје е закажано рочиште за судскиот предмет „Ласкарци”. Од судот и Обвинителството потврдија дека нема најави оти ова рочиште ќе се одложи. Судењето за овој предмет е во фаза на презентација на материјални докази.

Судењето го води судијката Диана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува обвинителот Дарко Јакимовски.

Во предметот се обвинети шест лица на чело со газдата на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули. Според скопското обвинителство, обвинетите се товарат за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во собраќајот.

Во големата собраќајна несреќа што се случи во близина на селото Ласкарци, Скопско, загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени. оџ/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Обвинителството нареди обдукција – семејството не дозволи, девојчето од Тетово погребано

ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

Македонски филм првпат на National Geographic: “Приказната за Силјан” на Тамара Котевска го откупи светски познатата тв мрежа