Познатиот американски водител Лари Кинг (86) се обрати пред јавноста по големата семејна трагедија, во која ги загуби ќерката и синот во период од само три недели.
Тој преку „Фејсбук“ им се заблагодари на сите за нивните зборови на поддршка и побара приватност и разбирање.
It is with sadness and a father’s broken heart that I confirm the recent loss of two of my children, Andy King, and…
Posted by Larry King on Сабота, 22 август 2020
„Со тага и скршено срце на татко ја потврдувам неодамнешната загуба на моите деца Енди Кинг и Чаја Кинг. Двајцата беа добри и љубезни души и ќе ми недостигаат бескрајно.
Енди почина ненадејно од срцев удар на 28 јули, а Чаја почина на 20 август, набргу по дијагностицирањето карцином на белите дробови.
Да ги загубиш децата е толку многу погрешно. Ниту еден родител не би требало да го погреба своето дете.
Јас и моето семејство сме благодарни за вашите добри желби и зборови на утеха и поддршка. Во овој момент ни треба малку време и приватност за да закрепнеме. Ви благодарам што го почитувате тоа“, напиша еден од најпознатите американски презентери на „Фејсбук“.
Чаја имала 52 години кога починала, а Енди 64. Лери го посвоил Енди во 1962 година по венчавката со мајка му Алин Акинс, со која ја добил Чаја. Покрај Енди и Чаја, Кинг ги има и синовите Лери Јуниор (58), Ченс (21) и Канон (20).