Утрински Весник
Спорт

Лапорта стана претседател на Барса и му се извини на Меси

Лапорта стана претседател на Барса и му се извини на Меси

Жоан Лапорта вечерва беше официјално прогласен за претседател на Барселона, и во воведниот говор за истакнување беше неговото извинување на капитенот на фудбалскиот клуб, Лионел Меси и пораката за иднината.

Самиот Меси, кој неодамна го искористи правото и гласаше на изборите во Барселона, беше присутен на церемонијата со други играчи од сите спортски клубови на Блауграна. Лапорта се сврте кон Меси и му прати јасна порака.

„На пример, ќе се обидеме да го убедиме Лео да остане во клубот. Извини Лео! Ќе го дадам мојот максимум и ти го знаеш тоа. Тој е најдобриот фудбалер во историјата. Те сакам тебе и Барселона те сака. Да беше полн стадионот немаше да сакаш да си одиш“, изјави Лапорта.

Лапорта призна дека финансиската ситуација е клуч за иднината на тимот, откако долгот на Барселона надмина сума од милијарда евра по губитокот на приходите од натпреварите.

„Економската ситуација е приоритет. Мораме да го направиме клубот со оддржлива стратегија. Имаме план и ќе ги носиме сите одлуки во интерес на Барселона. Со стабилност ќе можеме да ги направиме тимовите поконкурентни“, вели Лапорта.

Новиот претседател, спротивно на најавите, му даде поддршка на Роналд Куман како тренер на тимот.

„Роналд, ти ја имаш нашата доверба. Сакаме повторно да пишуваме историја во Лигата на шампионите, но оваа година мораме да излеземе и да ја освоиме Ла лига и Копа дел реј“, беше пораката до тренерот.

> Лапорта стана претседател на Барса и му се извини на Меси <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига