Барселона добиле шанса да потпишат со Кристијано Роналдо пред тој да се приклучи на Манчестер јунајтед во 2003 година, вели поранешниот претседател на клубот (и најголем фаворит за нов мандат), Жоан Лапорта додавајќи дека не жали што не потпишале со Португалецот.
Лапорта тврди дека Лео Меси и Роналдо можеле да бидат соиграчи на „Ноу Камп“, можност која била пропуштена откако Барса не биле заинтересирани.
„Потпишувавме договори со Роналдињо и Рафа Маркез, а луѓето на Маркез ни го понудија и Кристијано Роналдо, кој тогаш беше во спортинг Лисабон. Еден од неговите агенти изјави дека Јунајтед ќе дадат 19 милиони, но ќе ни го дадат на нас за 17 милиони. Но, веќе имавме инвестирано во Роналдињо. Кристијано играше повеќе како крило и мислевме дека сме покриени на таа позиција. Затоа го одбивме и не жалиме“, вели 58-годишниот Лапорта.
> Лапорта: Роналдо во 2003 можеше да дојде во Барса, но не жалиме по него <