Утрински Весник
Спорт

Лапорта побара трпение

Лапорта побара трпение

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта им се обрати на навивачите и на сите во клубот, по понижувачкиот пораз во Лигата на шампионите.

Барселона, во вторникот, загуби од Баерн Минхен со 0:3. Барселона, на овој натпревар, испиша негативен рекорд, играчите не упатија ниту еден удар во голот на противникот.

„Здраво „кулоси“ и јас сум разочаран. Морам да ви кажам што се случува. Очекувавме ваква ситуација. Ве молам за трпение и продолжете и понатаму до го бродите нашиот тим. Исто така ве молам да имате доверба и во луѓето кои го водат клубот. Потребна ни е вашата доверба, вашето време, немојте да се сомневате дека проблемот ќе биде решен. Ви благодарам, да живее Барселона“, порачал Лапорта.

Џоан Лапорта, во март, се врати на функцијата, откако неговиот претходник Џозеп Марија Бартомеу поднесе оставка.

> Лапорта побара трпение <

Можете да прочитате

Вон: Ова патување вредеше за падот

Норвешка најуспешна нација по првата недела од ЗОИ

ЗОИ 2026: Чешкиот тинејџер олимписки шампион во брзо лизгање