Утрински Весник
Спорт

Лапорта очекувал дека Меси ќе игра бесплатно

Лапорта очекувал дека Меси ќе игра бесплатно
Dik 300x250 mk

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, во разговор за каталонското радио, изјавил дека очекувал дека Лионел Меси ќе остане во клубот и дека ќе играл без месечен надомест.

„Не му се лутам. Знам дека имаше голема желба да остане, но исто така беше и под притисок поради понудата од ПСЖ. Сите знаевеме дека Меси доби мо
на понуда од Париз, но јас до последниот ден се надевав дека ќе остане и дека бесплатно ќе игра за Барса. Мислам дека Ла Лига немаше да ни прави проблем. Сепак ние не можевме да го задржиме“, рекол Лапорта и дополнил.

„Така мислев бидејќи добро го познавам. Во мојот прв мандат влезе во првиот тим, јас многу му помогнав на неговото семејство. Знаеше дека се ќе му надоместам кога ќе се поправи финансиската ситуација. Кон него клубот нема никаков долг“.

> Лапорта очекувал дека Меси ќе игра бесплатно <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс