Утрински Весник
Македонија

Лани за девет месеци против 54 вработени во МВР биле поднесени кривични пријави

Лани за девет месеци против 54 вработени во МВР биле поднесени кривични пријави

За три дена, МВР уапсило двајца полицајци поради примање поткуп. Според последните ажурирани податоци на МВР, за девет месеци лани биле поднесени кривични пријави против 54 вработени во тоа министерство.

МВР соопшти дека уапсило сообраќаен полицаец од Скопје затоа што зел 6.000 денари за да не казни граѓанин за сообраќаен прекршок.

„Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Б.Џ., полициски службеник во Одделението за безбедност на патниот сообраќај, СВР Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “примање поткуп“, по член 357 став 1 од КЗ на РСМ. “, сопшти МВР. Полицаецот бил уапсен и пртворен на 30 дена.

Пред два дена Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел пријава против полицаец од полициската станица во Ранковце, кој исто така побарал поткуп за сообраќаен прекршок. И овој полицаец бил уапсен и притворен. МВР наведе дека за двајцата полицајци Одделот за внатрешна контрола „ќе поведе постапка пред надлежната комисија за утврдување на дисциплинска одговорност“.

Според последните ажуритрани податоци на МВР, полицијата лани од јануари до септември поднела кривични пријави против 54 вработени во Министерството, осомничени дека извршиле 76 кривични дела. Најмногу осомничени, 22, биле од Секторот за внатрешни работи Скопје, а следен по зачестеност на осомничени, со 10 пријавени, бил СВР – Куманово.

Најмногу кривични дела, пак, од вработени во МВР биле регистрирани во Тетово – 26 кривични дела.

Вработени во МВР лани од јануари до септември биле најчесто пријавувани за „злоупотреба на службената положба и овластување“, со 15 регистрирани кривични дела, „фалсификување исправа“, 14 дела, и „употреба на исправа со невистинита содржина“, 11 кривични дела.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја