Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Лампард по дебаклот во Шефилд: Нема да го заборавам овој пораз

Лампард по дебаклот во Шефилд: Нема да го заборавам овој пораз
Img 7972

Тренерот на Челси Френк Лампард не крие дека е разочаран од изданието на неговиот тим на гостувањето во Шефилд. „Сините“ вчера беа поразени со 3:0 поради што сега „висат“ во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Члеси се трети на табелата со 60 бодови, но можат да бидат престигнати од Лестер и Манчестер Јунајтед.

Члеси против Шефилд имаа посед на топка од 74 отсто меѓутоа не успеаја да направат нитуе една шанса за постигнување на гол.

„Игравме бавно, не ги вклучувавме крилата во нападите, бевме безопасни. Многу научив од овој натпревар. Сигурно е дека нема да го заборавам. Мораме добро да го анализираме ова и да се насочиме кон борбата за пласман во Топ 4“, рекол Лампард.

„Во сите елементи беа подобри од нас. Психички и физички. Кога нема публика можеш да слушаш што се случува на теренот, а јас ги слушав само играчите на Шефилд. Направивме многу грешки. Големо разочарување за нас“.

Челси во наредната рунда ќе игра против Норич.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица