Околу менталната состојба на поранешната НБА ѕвезда, Ламар Одом, повторно има многу прашања, откако тој на социјалните мрежи повторно се појави во своето алтер-его „Црниот Исус“, а претходно тврдеше дека неговата поранешна девојка му ги украла шифрите од социјалните мрежи.
41-годишниот Одом, кој има долга историја со злоупотреба на дроги и зависност од секс, објави . во кое носи црна перика и во кое „претвара вода во вино“. Поранешната ѕвезда на Лејкерс, сепак, тврди дека .то е за промоција на неговиот акаунт на Твич и дека се работи само за начин да се остане забавен за време на пандемијата на КОВИД-19.
„Опуштете се, проклетство. Не смеам да се забавувам без да бидам обвинет дека сум на дроги или надвор од умот? Ако ме знаете, ќе знаете дека играм цел ден. Животот е прекраток да се биде сериозен, а КОВИД не научи на тоа. Црниот Исус е моето алтер-его и само се обидувам да ве благословам сите“, напиша Одом на Инстаграм.
Одом, кој претходно беше во брак со Клои Кардашијан, сега ја обвинува својата поранешна девојка Сабрина Пар дека му ги украла сите шифри од социјалните мрежи и дека се обидува да „воспостави контрола“.
View this post on Instagram
> Ламар Одом стана „Црниот Исус“, фановите загрижени <