Утрински Весник
Спорт

Лалана го продолжи договорот со Ливерпул, ќе добие шампионски медал

Ливерпул запрен, но не и поразен
Dik 300x250 mk

Ливерпул, 9 јуни 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана повторно стави потпис на нов краткорочен договор со Ливерпул до крајот на оваа сезона, официјално беше објавено на веб-страницата на клубот.

На овој начин, играчот ќе може да учествува на прославите на крунисувањето на тимот за шампион на Англија. Тековниот договор на играчот беше до крајот на месецот, а тој се очекува да се пресели во Лестер по крајот на кампањата, и покрај интересот од Тотенхем, Арсенал, Бурнемут и Барнли.

Англичанецот веќе 6 години игра за тимот од Мерсисајд и важи за една од водечките фигури во соблекувалната на Јирген Клоп.

Германскиот стратег изјави дека сака да се потпира на својот играч за претстојните 9 натпревари до крајот на сезоната и од оваа причина е постигнат договор.

Лалана има забележано 22 натпревари, од кои 15 во Премиер лигата, и спокојно ќе може да освои медал, доколку „црвените“ станат шампиони за прв пат од 1990 година.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа