Утрински Весник
Спорт

„Лакост“ ќе ја раскине соработката со Ѓоковиќ?

„Лакост“ ќе ја раскине соработката со Ѓоковиќ?

Француската компанија „Лакост“ би можела да ја прекине соработката со Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер, по 11.дневната голгота во Австралија, денес се врати во Белград.

Светските медиуми објавија дека „Лакост“, во најкус рок ќе побараат состанок со Ѓокови, за да утврдат што се се случувало во Мелбурн.

„Австралиските власти му ја укинаа визата на Новак Ѓоковиќ и поради тоа тој нема право да настапи на Австралија опен. Поради тоа ќе стапиме во контакт со Новак Ѓоковиќ за да поминеме заедно низ се она што се случуваше во Мелбурн. На сите им посакуваме добар турнир и им се заблагодаруваме на организаторите што направија турнирот да се одржи безбедно за сите учесници“, стои во објавата од „Лакост“.

Шпекулациите говорат дека компанијата ќе ја раскине соработката со Ѓоковиќ.

> „Лакост“ ќе ја раскине соработката со Ѓоковиќ? <

Можете да прочитате

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1