Утрински Весник
Македонија

Лажни ПЦР тестови се продаваат за 30 евра

Лажни ПЦР тестови се продаваат за 30 евра

Полицијата на скопскиот аеродром приведе четири лица со лажни ПЦР тестови, за кои кажале дека ги купиле по цена од 30 евра.

Вчера на Меѓународен аеродром – Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови.

Извршен бил разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивен пријател по цена од 30 евра по тест. Лицата биле задржани за понатамошна постапка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Одложено судењето за експретседателката на ДКСК, Димитровска; Апелација сѐ уште не одлучила за надлежноста на обвинителството

Приведен бугарски државјанин на ГП Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Левица: 14,3 милиони за патни трошоци на пратениците – 400 евра за преживување на работниците