Утрински Весник
Свет

Лажни дојави за бомби во Белград – „на мета“ трговски центри и студентски домови

Трговскиот центар „Ада мол“ во Белград денеска бил евакуиран откако вработените добиле дојава дека во зградата има бомба.

Најпрвин околу 15 часот се појави веста дека бомбата била поставена во ТЦ „Ада Мол“, а само неколку моменти подоцна стигнале уште две дојави за бомби во трговски центри, пишува „Б92“.

Припадници на полицијата излегле на терен, а по детална проверка на противдиверзивните екипи на МВР било утврдено дека пријавите за поставените бомби се лажни.

Покрај трговските центри, цел на лажни пријави биле и студентските домови „Студентски град“, „4 април“, „Слободан Пенезиќ“ и „Вера Благојевиќ“.

 

Можете да прочитате

Трамп: Преговараме за целосен пристап до Гренланд

Зеленски во Давос упати жестока критика за европските лидери 

Зеленски: Mировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов