Утрински Весник
Свет

Лавров: Украинските провокации во Буча се закана за меѓународната безбедност

Лавров: Украинските провокации во Буча се закана за меѓународната безбедност
Dik 300x250 mk

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека украинските провокации во Буча се закана за меѓународната безбедност. Сергеј Лавров го повтори ставот на неговата земја дека Украина организирала нешто што изгледа како масакр на цивили,  нарекувајќи го лажен напад.

Тој рече дека Москва ќе бара од Обединетото Кралство да ги исполни своите обврски како претседавач со Советот за безбедност на ОН со тоа што ќе се согласи Русија да разговара за ова прашање на состанок.

„Според нашите информации, со цел да се дискредитира руската војска, Министерството за одбрана на Украина на западните медиуми им подели видео снимки снимени во градот Буча, регионот Киев, како доказ за масакрот на цивили“, соопшти Истражниот комитет.

Министерството за надворешни работи на Русија тврди дека снимката од загинатите цивили во украинскиот град Буча е нарачана од САД за да ја обвинат Русија.

„Кои се мајстори на провокацијата? Се разбира, САД и НАТО“, рече портпаролката на министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија.

Захарова додаде дека брзата реакција на Западот поради сликите на загинатите цивили укажува дека приказната е дел од планот за оштетување на угледот на Русија.

Украинските власти во неделата соопштија дека истражуваат можни воени злосторства извршени од Русија, откако стотици мртви тела беа пронајдени во градовите околу Киев. Снимките и фотографиите на загинатите цивили ги поттикнаа западните земји да побараат казнување на одговорните за воените злосторства.

Русија, пак, бара Советот за безбедност на ОН да се состане во понеделник за да разговара за „провокацијата на украинските радикали“ во Буча.

На 24 февруари Русија испрати десетици илјади војници во Украина во „специјална воена операција“ за уништување на воените сили на јужниот сосед и искоренување на „опасните нацисти“.

Украинските сили пружаат силен отпор, а Западот воведе силни санкции кон Русија за да ја принуди да се повлече.

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп