Утрински Весник
Свет

Лавров: Русија го поддржува повикот на ОН за глобален прекин на огнот во услови на пандемија  

Лавров: Русија го поддржува повикот на ОН за глобален прекин на огнот во услови на пандемија  

Русија го поддржува повикот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за глобален прекин на огнот во услови на пандемија на коронавирус, посочи рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

„Руската Федерација верува дека повикот на генералниот секретар на ОН за глобален прекин на огнот во услови на пандемијата со Ковид-19 да е навремен, а земјите членки на ЦСТО едногласно го поддржаа тоа“, рече Лавров.

Според Лавров, Студената војна што почна кратко време по создавањето на ОН спречи глобалната организација целосно да го искористи својот креативен потенцијал.

„Новата надеж се роди дури 44 години подоцна, со падот на Берлинскиот ѕид како симбол на геополитичката конфронтација помеѓу два непомирливи системи. Ова не беше само за спречување на воена конфронтација, туку и за надминување на недовербата и нееднаквоста,  контрола на неоколонијалните  аспирации и промовирање конструктивна соработка заради градење заедничка иднина“, рече тој.

„Жално е што денес воените конфликти продолжуваат непречено во различни региони, надополнети со голем број предизвици со кои се соочува светот денес: меѓународен тероризам, трговија со дрога, компјутерски криминал и климатски промени. Оваа година на списокот беше додаден уште еден голем предизвик: пандемијата на коронавирус што предизвика сериозни социоекономски и други кризи “, додаде Лавров.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков