Утрински Весник
Свет

Лавров: Операцијата на Русија во Украина е дизајнирана да стави крај на аспирациите на САД да доминираат во светот

Лавров: Операцијата на Русија во Украина е дизајнирана да стави крај на аспирациите на САД да доминираат во светот

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров денеска изјави дека специјалната операција на Русија во Украина била дизајнирана да стави крај на стремежот на САД да доминираат во светот, пренесува РИА Новости.

„Нашата специјална воена операција е дизајнирана да стави крај на непромисленото проширување и непромислениот курс кон целосна доминација на САД и другите западни земји на меѓународната сцена.

„Доминација, која се гради со грубо кршење на меѓународното право, според одредени правила, кои дури сега се повторуваат и кои се применуваат од случај до случај“, рече Лавров во интервју за ТВ каналот „Русија 24“.

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп