Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Лавров: НАТО е геополитички проект на колонизација по ССР

Лавров: НАТО е геополитички проект на колонизација по ССР
Img 7972

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека НАТО е геополитички проект на колонизација на територии по распадот на СССР и Варшавскиот пакт.

„ НАТО е чист геополитички проект на колонизација на територии без господар по исчезнувањето на Варшавскиот пакт и распадот на Советскиот Сојуз. Затоа и го прават тоа“, рече Лавров во интервју за каналот на Соловиев на Јутјуб.

Русија неодамна му понуди на Западот свој предлог за договор за безбедносните гаранции, за кој Лавров вели дека не е ултиматум, но дека разговорите за тоа не можат да траат бесконечно, пренесува ТАС С.

Тој додаде дека резултатот од разговорите треба да биде опиплив во одреден временски интервал.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот