Утрински Весник
Свет

Лавров: Киев сака да предизвика конфликт меѓу НАТО и Русија

Лавров: Киев сака да предизвика конфликт меѓу НАТО и Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, сака да предизвика конфликт меѓу Русија и НАТО, оцени денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Зеленски беше малку груб кон своите ментори, обвинувајќи ги за неактивност. И се прашувам: ако беше толку изнервиран што НАТО не застана за него како што се надеваше, тоа значи дека тој сè уште се надева оти конфликтот ќе се реши со вовлекување на НАТО во целата оваа приказна, а не со преговори“, рече Лавров, пренесе „Спутник“.

Претходно Зеленски изјави дека сè што направила досега Алијансата било да испрати 50 тони дизел гориво во Украина преку системот за снабдување.

„Веројатно ќе го запалиме Меморандумот од Будимпешта за да изгори подобро, но тој веќе ни е запален од огнот на руските војници“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го НАТО за пасивност.

Можете да прочитате

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон

Невреме ја зафати Италија – 24info.mk

Американска републиканска сенаторка остро реагираше по изјавата на Трамп за целосна контрола на Гренланд