Утрински Весник
Свет

Лавров: Г20 способна за решавање на глобалните економски проблеми наместо Г7  

Лавров: Г20 способна за решавање на глобалните економски проблеми наместо Г7  

Носењето на состаноците од форматот Г20 на највисоко ниво ѝ даде на групата можност да го замени Г7 во решавањето на глобалните економски проблеми, рече во вторникот рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

„Групата 20 е практично отворено признавање на мултипополарноста и на фактот дека Западот во својата поширока смисла, вклучително, се разбира и Јапонија, не е способен да ги реши глобалните економски и финансиски проблеми“, рече Лавров на олајн-презентацијата на извештајот со наслов „Историјата, ќе продолжи. Утопија на разноликиот свет“, чиј автор се експертите на меѓународниот клуб за дискусии „Валдаи“.

„Г20 се издигна од прилично неформални контакти на ниво на министри за финансии до настани од највисоко ниво. Фактот дека оваа група се искачи на врвно ниво на контакти го нагласува фактот дека Г7 веќе не може сама да се справува со глобалните економски проблеми“, рече рускиот шеф на дипломатија.

„Економските и финансиските прашања беа предложени како фокус на новите самити на Г20“, продолжи Лавров, додавајќи дека групата ја вклучува Г7, заедно со групата нации на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) и земјите што ја делат нејзината визија – Индонезија, Саудиска Арабија, Мексико и Аргентина.

„Г 20 е мрежна структура која сега поминува низ процес на институционализација, но ја задржува својата флексибилност. Нема пишани и институционализирани правила. Тоа го одразува разбирањето дека процесот на создавање мултиполарен свет е објективен процес”, додаде тој.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk