Утрински Весник
Свет

Лавров: Време е да ги обновиме контактите меѓу Русија и ЕУ

Лавров: Москва е подготвена за нормализација на односите со ЕУ но само врз принципот на еднаквост

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека е време да се обноват политичките контакти меѓу ЕУ и Русија, односно со Евроазиската економска унија (ЕАЕУ).

„Досега воспоставивме технички контакти за регулаторни и други прашања меѓу комисиите. Сепак, сметаме дека е време и за политички контакти“, рече Лавров на отворањето на конференцијата посветена на односите меѓу Русија и ЕУ, објавија руските медиуми.

Москва е изненадена од пасивната реакција на Брисел на политиката на Вашингтон да управува со системот за контрола на оружјето, истакна рускиот министер за надворешни работи.

„Деталниот и конкретен предлог на рускиот претседател Владимир Путин да спречи појава на ракети со среден дострел, кои се лансираат од земјата, помина незабележано“, рече Лавров.

Тој нагласи дека антируската реторика на Запад е претворена во воено зајакнување против Русија.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња