Утрински Весник
Македонија

КЈП „Водовод“ од Кочани препорачува електронска или телефонска комуникација со службите

КЈП „Водовод“ од Кочани препорачува електронска или телефонска комуникација со службите

Кочани, 12 март 2019 (МИА) – Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани упати писмено известување до граѓаните со кое им препорачува контактите со службите да ги извршуваат телефонски или по електронска пошта, за да се намали директната комуникација, согласно со насоките за превенција од ширење на коронавирусот.

Исто така, побарано е и сметките за услугите да се плаќаат електронски, преку веб-страницата на претпријатието или преку електронските банкарства на граѓаните.

– Сѐ додека се актуелни мерките на Владата за заштита од COVID-19, службите од „Водовод“ ќе ја читаат состојбата само на водомерите кои се наоѓаат во шахта што е надвор од домовите на водокорисниците. Нема да се врши читање на водомерите од градскиот водовод што се наоѓаат во домовите на потрошувачите или во друг затворен простор. Доколку граѓаните  сакаат да добијат сметка со точна состојба на водомерите, може да ја пријават кај лицата кои ги читаат водомерите на фиксниот телефон или на раководителот на Пласман продажба и наплата, стои во писменото известување од „Водовод“.

Од кочанското комунално претпријатие нагласуваат дека овие вонредни превентивни мерки ќе се применуваат додека траат препораките на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за превенција од ширење на коронавирусот.та/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор