Утрински Весник
Спорт

Кјаер сака да остане во Милан

Кјаер сака да остане во Милан

Милано, 12 април 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Милан, Симон Кјаер, кој е изнајмен од Севилја, зборуваше за неговата желба да остане во италијанскиот клуб.

– Сонувам да останам во Милано, па кога ќе дојде време, ќе разговараме за тоа со клубот. Треба да сторам сè што е можно повеќе за да ги убедам да направат вистински избор. Јас сè уште работам да останам во Милано, иако не играме. Се обидувам да се подобрам не само физички, туку и ментално. Тренерот Пиоли веднаш всади доверба во мене. Тој зборуваше многу со мене, прашувајќи како најдобро да ме искористи на теренот, изјави Кјаер.

Оваа сезона, 31-годишниот Данец има одиграно 13 натпревари на сите турнири. До зимата 2020 година, Кјаер настапуваше за Аталанта. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал

Алкараз изненаден од одлуката на организаторот

Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри