Утрински Весник
Свет

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се препознаат регионалните жаришта.

Тој изјави дека заради тоа, потребно е да се инвестира во брзи тестови.

„Ќе мора да продолжиме да се носимеж со коронавирусот сè додека не се најде лек или вакцина. Тековната состојба може да се спореди со хармоника, која постојано е во движење. Секогаш ќе има чекори напред и назад. Така е и во другите земји со кои разменуваме информации, како на пример Израел и Австралија. Мора да бидеме побрзи во тестирањето и ќе инвестираме 390 милиони евра во брзи тестови“, објасни Курц во интервју за виенскиот весник „Остерајх“.

Тој нагласи дека кога има инфекција, заболените треба што поскоро да се изолираат за да се прекине синџирот на пренесување, што е направено, на пример, во покраината Горна Австрија, каде што училиштата беа затворени поради жариште.

Канцеларот посочи дека граѓаните никогаш не смеат да заборават дека вирусот не исчезнал и оти пандемијата продолжува.

„Иако времето е убаво и учебната година заврши, мора да останеме внимателни. Потрошувачката, храната, шопингот се важни за нашата економија, но неопходно е да се почитуваат потребните правила во овие активности, особено одржувањето на физичко растојание“, рече Курц.

Текстот Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина