Шефот на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) во покраината Тирол, Маркус Абверцгер, ги критикуваше новите мерки донесени од австриската влада во врска со оваа покраина и побара Тирол да воведе забрана за влез на канцеларот Себастијан Курц.
Абверцгер оцени дека е голема свињарија што австриската влада донесе одлука да воведе, од петок, обврска за тестирање на граѓаните на Тирол кои имаат намера да патуваат од таа покраина во другите делови на Австрија.
Австриската влада ја донесе оваа одлука откако Тирол стана жариште за ширење на јужноафриканскиот вид на коронавирус.
Абверцгер вели дека не ја разбира одлуката и дека таа не може да биде стручно оправдана.
„Канцеларот издаде предупредување за патување само за една покраина, затоа тој не мора да доаѓа во Тирол, не сакаме повеќе да го гледаме тука“, рече тој.