Утрински Весник
Свет

Курц: Вакцината против коронавирусот е најдобриот божикен подарок

Курц: Вакцината против коронавирусот е најдобриот божикен подарок

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја нарече вакцината против коронавирус најдобриот божикен подарок и сè уште смета дека животот ќе се врати во нормала во лето.

„Глобалната економска криза силно ги погодува сите земји и не ја заобиколува ниту Австрија. Нашата голема цел е што побрзо да се вратиме во нормала со вакцината. Најдобриот божикен подарок оваа година доаѓа на 27 декември, а тоа е вакцината”, рече Курц во интервју за „Кронен цајтунг “.

Тој изрази верување дека половина милион луѓе ќе бидат вакцинирани во Австрија до крајот на март, а значително повеќе луѓе до летото, по што економијата повторно ќе расте, а повеќе луѓе ќе бидат вработени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Америка повторно заплени танкер поврзан во Венецуела

Песков: Кремљ се согласува со Трамп дека Зеленски го забавува мировниот процес во Украина

Трамп се закани дека ќе го употреби Законот за бунт поради протестите во Минесота